Сите страни треба да ги почитуваат обврски од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од западен Балкан, оцени Европската комисија во врска со трговскиот спор меѓу Хрватска и западнобалканските земји околу земјоделските производи.
Независно од се, Москва никогаш нема да се отаже од Црна Гора, тврди професорот од американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“ и експерт за Балканот, Даниел Сервер за црногорскиот весник „Побједа“.
Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на Српското движење за обнова (СПО), Вук Драшковиќ оцени дека Србија треба да ја прифати и признае реалноста на Косово.
Со измерени 40 степени Целзиусови во Белград, 5 август бил најтоплиот во изминатите 130 години во главниот град на Србија.
Косовскиот Парламент не успеа и во текот на вчерашниот ден да ја продолжи конституивната седница, на која требаше да се избере претседател и потпретседатели на законодавниот дом.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Србија и Република Српска во овој век ќе бидат заедно во територијална и државна смисла.
Грандиозниот проект за поврзување на српскиот главен град Белград со Солун по воден пат, преку Морава и Вардар, може да го претвори грчкото пристаниште во клучен центар за транспорт на стоки кон Средна Европа, наведува атинскиот весник „Прото Тема“.
Говорејќи за метото на кое ќе се одржи средбата на балканските лидери во Црна Гора, поддржана од САД, Марковиќ наместо да каже хотелот Хилтон, рече „хотелот Клинтон“.
Пенс на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека неговата посета на Црна Гора ја потврдува поддршката на САД на регионот.
Српската православна црква соопшти денеска дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот Прохор Пчињски, „поради веќе добро познати причини“, јави Танјуг.