Владата на Република Бугарија на денешната редовна седница го одобрила текстот на договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Шефот на српската дипломатија истакна дека Србија има желба за подобрување на односите со Македонија и дека многу направила на тоа поле.
Со заклетвата што ја даде пред народните избраници, Илир Мета и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија. Со свечената седница претседаваше потпретседателката, социјалистката Валентина Лескај.
Во исто време, како што тврди весникот дека открил, „Скопје испратило документи до НАТО и Европската Унија со кои во суштина бара да се приклучи на Алијансата, без да го спомене името“.
Пожарот кој во средата вечерта од Црна Гора премина на територијата на Хрватска и од полноќ до осум часот утрово во тој регион одекнаа 34 експлозии од заостанати мини од војната, јави хрватската новинска агенција ХИНА.
Старо нов лидер на албанската најголема опозициска сила, Демократската партија, е Љуљзим Баша.
Словенечкиот шеф на дипломатијата, Карл Ерјавец, испрати писмо до Европската комисија во кое наведува дека Хрватска не заслужува влез во Шенгенскиот простор.
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, за „Гласот на Америка“ изјави дека за доброто на земјата политичките партии треба да изнајдат формула за деблокирање на постизборниот процес.
Турција им предаде на германските власти листа со повеќе од 680 компании од Германија кои Анкара смета дека поддржуваат тероризам, тврди неименуван германски безбедносен извор.
Земјотресот со интензитет од 6,2 степени што синоќа во 1.31 часот ги погоди југоисточните острови во Егејското Море, предизвика создавање на цунами со висина од десет метри во морето покрај турскиот град Бодрум.