Премиерот Алексис Ципрас, вчера, имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, по повод неговата посета на Солун, за да му ја честита Новата година, стои во соопштението од кабинетот на Ципрас.
Според солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, на неодамнешната средба во Солун македонскиот премиер, Зоран Заев, му ветил дека ќе ги смени името на аеродромот и таблите на улиците.
Истовремено, Бутарис во интервјуто вели дека е најголем Македонец, најверојатно посочувајќи со тоа на неговото раѓање во грчката област Македонија.
Тие имаат изработено веб страница, видео спот, резолуции испратени до претседателот, премиерот и грчкото Собрание, а за денес е закажан и првиот протест во градот Скидра, додека за еден месец во Солун е најавуваат голем собир.
Костас Кацикис, пратеник на Независни Грци (АНЕЛ), десничарската партија, која е дел од Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави дека партијата би можела да поддржи компромисно решение за спорот за името со Република Македонија.
Грчката Влада е решена да придонесе кон решение на проблемот, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас и бара од македонска страна да ги намали или во најдобар начин, да ги елиминира тоновите поврзани со иредентизмот, изјави министерот.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за грчкото радио „Real FM“ вели дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна.
Надежи дека 2018 година би можела да биде годината кога би се затворило прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за државната телевизија ERT.
И „Катимерини“, исто како и весникот „Еелефтерос типос“, како што веќе објави МИА во неделата, предупредува за зголемување на меѓународните притисоци .
Претседателот на грчката партија „Сојуз на централисти“, Василис Левендис, побарал од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, да биде внимателен „да не му се даде на Скопје името Македонија“.