Вооружениот маж, кој со пиштол и бомба се закануваше дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија се предаде на полицијата.
Вооружен маж со пиштол и бомба се заканува дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија.
Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија ја обвини владејачката Коалиција на радикалната левици (Сириза) дека ја партизира државата.
Следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција ќе ги извести претседателите на грчките политички партии за текот на преговорите за името по разговорите во Виена, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори.
Се надеваме дека ќе има одѕив и од другата страна, бидејќи за нив е прашање од егзистенцијално значење. Посакувам да го сфатат тоа и да имаат сила да преземат тешки одлуки, што се неопходни, порача од Солун грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос смета дека се направени доста чекори со самата промена на „радикалните и националистички ставови на претходните влади“ во Скопје, но сепак додава дека постојат прашања кои не се едноставни, а техничката фаза е доста тешка.
Критики до грчката влада поради различните позиции во прашањето за името упати лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, велејќи дека владата настапува со две и пол линии.
- Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, смета Коѕијас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на презентацијата на книгата „Македонското прашање“, Венизелос рече дека решението не треба да биде делумно или привремено, туку целосно и еднократно решение.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, темата на книгата, во комбинација со актуелноста на проблемот со името и преговорите што се во тек, беа повод говорниците да се осврнат на грчките позиции и перспективите за договор.