По промената на името на скопскиот аеродром, грчките медиуми не ја исклучуваат можноста шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас да го посети Скопје.
Србија сака да се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и поддржува се што ќе договорат двете земји, изјави денекса во Битоа српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.
Преименувањето на аеродромот и автопатот се потези на негирање на иредентизмот, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за првата програма на грчкото државно радио, јавува дописникот на МИА од Атина.
Мнозинството Грци, 87 отсто од оние кои во неделата излегоа во центарот на Атина учествувале во протестот за да го изразат несогласувањето со прашањето за името, покажува истражувањето на агенцијата „КАПА Research“ за весникот „То Вима“.
Министерството за финансии на Косово, вчера исплатило 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на инволвираните во терористичкиот напад на Куманово.
Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.
Според извештаите на македонските медиуми, коментарите на турскиот претседател беа направени за време на конференцијата на мигранти на балканските земји во Турција.
Врз основа на меѓународните договори, географската област Македонија не ѝ припаѓа исклучиво на Грција, вели портпаролот на грчката Влада во интервју за државната телевизија ЕРТ.
На фејсбук групата „Македонска Коалиција“, македонските активисти објавија снимка на која се гледа како Грци малтретираат македонски камионџија затоа што на камионот има налепница „МК“.
Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за Eуроњуз на грчки јазик.