Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изврши реконструкција на неговиот владин Кабинет, јави телевизијата НТВ.
Јапонија отвори своја амбасада во Тирана, а на свеченоста присуствуваше Нобуо Киши од државното Министерство за надворешни работи на Јапонија.
Паднатите поројни дождови разурнале патишта и инфраструктура, а на оделни места предизвикале и свлечишта.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот потпретседател, Мајкл Пенс, на синоќешната средба во Вашингтон ја изразиле желбата за продлабочување на партнерството меѓу своите земји, јавија белградските весници.
Преку 350 луѓе се уапсени денска во Србија во акција на полицијата наречена „Арес“, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Во Хрватска денеска на сила стапи закон за субвенционирање станбени кредити со кој е предвидено државата 4 години да плаќа половина од ратата за кредит на млади брачни парови за купување прв стан или куќа.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во понеделник во Брисел ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија разговараше со претставникот на Европската комисија, Клаус-Дитер Борхарт за проектот за изградба на европскиот центар за дистрибуција на гас „Балкан" на територија на Бугарија.
Грција, Бугарија и Србија сметаат дека е неопходна стабилизација на внатрешно-политичката ситуација во Македонија, како и продолжување на дијалогот за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името.
Во Солун попладнево ќе се одржи трилатерална средба на премиерите на Грција и на Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.