Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија.
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, во неговата колумна за неделното издание на весникот „Димократиа“ порачува дека во Грција ќе мора да се одржи референдум за „новото име на северниот сосед“.
Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос изјави дека „можното решение за името на грчкиот сосед не смее да биде средство за иредентизам“.
Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот Македонија за нашата земја. Ова, уште еднаш беше потврдено на вчерашниот состанок на националниот совет на партијата, коалиционен партнер во грчката влада.
- Конечен договор може да се постигне следната недела во Њујорк, каде што на 17 јануари е закажана нова рунда преговори меѓу претставниците на двете земји под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц, пишува „Комерсант“.
Промена на уставното име, употреба во внатрешноста на земјата и заложба владата зад себе да го остави иредентизмот, се барањата од официјална Атина за постигнување решение, објаснува портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос.
Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент, е оптимист за решавање на спорот со името и смета дека сега постои голема шанса што не смее да се пропушти.
Наместо национален консензус – Владата води тајна дипломатија. Лидерот на опозициската Неа Демократиа и сосема веројатно идниот грчки премиер, Кирјакос Мицотакис, ја обвини тамошната Влада за нетранспарентност
„Се надевам дека ќе придонесете Грција успешно да се соочи со проблемот без потпаднување во проблеми од минатото“, напиша Ципрас во писмото до поглаварот на Грчката црква, Јеронимос.
Во хотелот „Македониа Палас“ во центарот на Солун, се одржала, според грчките медиуми средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.