Христов е убиен во близина комплексот Манастирска ливада и бил застрелан со неколку куршуми додека бил во својот џип. Полицијата пријавата ја добила некаде после 10 часот, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата.
Овој храм е во форма на крст и е изграден на брегот на истанбулскиот залив Златен рог во 1898 година со 500 тони ковано железо од Австрија. Реставрацијата која почнала во 2011 година чинела 2,9 милиони евра.
Терминот Македонија со одредница во рамки на сложено име, но на македонски, без превод на другите јазици е она што во Грција се споменува како можно решение на името.
Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, „не и чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во името на Стејт департментот.
Во 1 часот по полноќ со хеликоптер Супер пума на грчкото воздухопловство, повредената планинарка од Македонија, од Олимп беше пренесена во болница во грчкиот град Лариса, јавува дописникот на МИА од Атина.
Централна тема во грчките медиуми е спорот за името и евентуални конкретни предлози за негово решавање, како и можни сценарија за договор, најавениот протест во Солун, и внатрешно-политички несогласувања во Грција.
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, рече дека е против протестите што треба на 21 јануари да се одржат во Солун за името Македонија.
Неколкучасовна операција за спасување се случувала денеска на планината Олимп во северна Грција откако 35-годишна Македонка додека планинарела паднала од литица на 2.800 метри надморска височина, објави Прототема.
Грчките новинари од Солун, ја искористија можноста додека, солунскиот митрополит Антимос, солунскиот градоначалник Бутарис и министерката за областите Македонија и Тракија, Мариа Коља-Царуха, говореа за денешниот празник Водици што се слави во Грција.