Говорејќи пред грчките новинари во Брисел, по Советот за надворешни прашања на ЕУ, Никос Коѕијас, јавува дописникот на МИА од Атина, ги коментира и последните случувања во македонско–грчките односи, но и вчерашните демонстрации во Солун.
Ставрос Теодоракис, претседателот на грчката либерална и социјал-демократска партија „Потами“ по протестите во Грција на својата Фејсбук страница ги осуди и кажа дека Македонија можела да биде верен сојузник.
На средбата Заев – Ципрас во Давос, очекуваме да се направи напредок во насока на изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, објави МИА.
Грција, по обновување на преговорите со Македонија за решавање на спорот со името, во декември минатата година се соочува со огромни внатрешни политички контрадикторности во однос на ова прашање, објавува грчкото издание „Документо“.
По завршувањето на протестот во Солун на социјалните мрежи се појави слика во која се гледа како во камион за собирање на смет се фрлени голем број на грчки знамиња.
Посредникот на Обединетите нации во спорот за името на Македонија, Матју Нимиц, има намера во следните десет дена да ги посети Атина и Скопје, за со нив да го разгледа ова прашање, соопшти грчката телевизија ЕРТ.
Вчерашниот собир во Солун за „одбрана на името Македонија“, на кој според грчката полиција присуствуваа околу 90.000 граѓани, го коментираат двете најголеми грчки партии.
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис категорично се огради од денешниот протест во Солун, против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија“ во своето име.
Млади и стари, семејства со деца, пензионери, членови на партии протестираа во Солун. Според грчките медиуми, протестот, по масовноста ги надмина очекувањата, но ни приближно не наликуваше на демонстрациите од 1992.
Собирот, јавува МИА, започна кусо пред 14 часот по локално време и во тек се обраќања на претставници на здруженијата што се организатори.