Претседателката на српската Влада Ана Брнабиќ оцени дека едностраното прогласување независност на Косово не било во согласност со меѓународното право и стандарди.
Како што соопштија од ВБФ, на церемонијата организирана по тој повод во просториите на фондот во албанскиот главен град, извршниот директор Ѓерѓ Мура, кој истакна дека група искусни професионалци од нашиот регион се подготвени активно да придонесат за постигнување на целта на Фондот.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас сака да го реши спорот со името на Македонија во првата половина на 2018 година, но неговите надежи би моежеле да се покажат како премногу амбициозни, оценува атинскиот весник „Катимерини“.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерија Захариева изјави дека се надева оти Договорот за добрососедство со Македонија ќе биде ратификуван идната недела во бугарското Народно собрание.
“Skifterët”, навивачите на фудбалскиот клуб од Гњилане, Косово, во знак на протест поради пресудите што се случија денеска во Скопје, за случајот “Диво насеље”, го запалија македонското знаме.
Автомобил од придружбата на поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ учествуваше во несреќа по што се запали на местото Кокота на излезот од Подгорица, јавија црногорските медиуми.
Во следните неколку месеци ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за намалување на цените во роамингот за земјите од Западен Балкан, најави денеска бугарскиот министер за транспорт, информатички технологии и комуникации Ивајло Московски.
Како претставници на Владата на средбата присуствуваа српската министерка за правда Нела Кубуровиќ и директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
Западното мешање во внатрешните работи на Србија претставува продолжување на американскиот притисок врз Белград за да направи избор за соработката меѓу Русија и Европската Унија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Вицепремиерот и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Суринам ја повлече одлуката за признавање на независноста на Косово.