Грчките власти му испратија досега најсеризно предупредување на посредникот Метју Нимиц поврзана со спорот за името со нашата земја.
Според Кумуцакос, „таквите изјави го покажуваат патот, односно утре на плоштадот Синтагма изразувањето на националната чувствителност станува сила на преговорите“.
Стотици илјади луѓе се очекува да излезат на утрешните протести во Атина против употребата на зборот „Македонија“ од страна на ФИРОМ, пишуваат грчките медиуми.
Мислам дека прашањето за идентитетот е многу важна тема за вашиот северниот сосед, а преговорите се водат за името на државата, вели медијаторот Метју Нимиц, во интервју за Euronews на грчки јазик.
– Важната точка е дека постои јасна можност и тоа е пораката што Метју Нимиц, мислам дека ја потенцираше и овде во Атина и во Скопје, вели Џефри Пјат за Антена.
До сега ненајавено биле посетени амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период инспекција да има и во филијалите надвор од Европа.
Важните и чувствителни прашања треба да се решаваат во мир со воздржаност и мудрост, апелира вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија и најавениот утрешен протест во Атина, кој е поддржан и од Грчката православна црква.
Американската амбасада му издаде виза на косовскиот премер Рамуш Харадинај, веднаш откако се повлече од намерата за укинување на Специјалниот суд, потврдил добро информиран извор за весникот „Експрес“.
Изјавите на Димитров не помагаат, изјавил портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос за грчката државна телевизија „ЕРТ“, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, пренесува МИА.
Вчерашните ставови на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата со медијаторот, дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик, но и дека за идентитетот не се преговара, заедно со изјавите на Нимиц дека Атина не поставила тема идентитет, ги преплавија грчките медиуми.