- Слушам дека има такви предлози, но за нив не разговараат политичките раководства на трите земји, изјави Денков, додавајќи дека Бугарија работи на целосно нејзино вклучување во Шенген зоната врз основа на официјалната процедура.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека еден член на Претседателството на БиХ, избран од една од трите конститутивни нации, не може да зборува во име на цела Босна и Херцеговина ако тоа не е договорено во тричленото Претседателство.
Поконкретно, за четворица од десет анкетирани (40 отсто) поскапувањата, високите цени и нивната финансиската состојба се „најважниот проблем“, за 53 проценти се „еден од најважните проблеми“, а само три отсто одговориле дека „не е важен проблем“.
Првиот вицепремиер на Косово, задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими ја повика Европската унија да биде движечка сила за Западен Балкан, барајќи европските земји да бидат обединети како во случајот со Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.
САД се длабоко разочарани и се спротивставуваат на планот на Косово да продолжи со спроведувањето на одлуката за забрана за употреба на странски валути, вклучително и српскиот динар, соопшти вечерва Стејт департментот.
Со над 300 трактори земјоделците од северна Грција денеска одржаа мирен протест во центарот на Солун за време на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставници на коалицијата Србија против насилството добија покана да присуствуваат на седницата на Европскиот парламент (ЕП) на 8 февруари, кога на дневен ред е усвојување на резолуција за неодамнешните избори во Србија, објави весникот „Данас“.
Тој изрази уверување дека новата регулатива на ЦБК ќе има влијание врз секојдневниот живот на српските граѓани во земјата и дека стравува оти се можни етнички тензии.
Пратениците побарале и посебно внимание на истрагата да се насочи кон изборите за Собранието на Белград, а резултатите да бидат известени во Европскиот парламент, објави порталот European Western Balkans (EWB).
Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека политичарите не можат да преговараат за носењето на одлуки на независните институции.