Група млади луѓе од Лежа, каде треба да се изградат прифатни центри за мигранти, ставија венец на Уставниот суд во Тирана со порака „уставноста е мртва".
Мојата намера е да ја посетам Анкара во мај, што ќе биде возвратна посета на претседателот Ердоган, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Американскиот адвокат Грег Кихо најави дека ќе престане да го брани поранешниот командант на ОВК Хашим Тачи пред судот во Хаг бидејќи Тачи „не ги исполнил обврските“ кон него и неговите соработници.
Големо количество воена опрема, откри грчката полиција во дом во градот Лерин, а уапсени се две лица кои поседувале оружје, над 72 килограми барут, над 35.000 чаури, 11 рачни бомби, како и импровизиран експлозивен механизам, јави дописничката на МИА од Атина.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак во рамки на посетата на Косово, денеска ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.
„Ќе видиме дали таа (воената служба) ќе трае 90 или 100 дена, или можеби 110 дена. Како и кога ќе биде, како ќе ги исполниме финансиските и логистичките претпоставки, ќе разговараме“, изјави Вучиќ по обиколка на касарната во Топчидер.
Индексот за перцепција на корупцијата во Бугарија во 2023 година е 45 поени, со што таа држава се наоѓа на претпоследното место во ЕУ и на 67 место на светската ранг-листа. Според индексот, на последно место во ЕУ втора година по ред е Унгарија со 42 поени, Романија има 46 поени и Грција 49.
Во Бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник.
Србија доби оценка ЦПИ 36 на скала од нула (екстремно корумпирана земја) до 100 (земја без корупција). Ова е историски најниска оценка за Србија откако Транспаренси ги објавува овие извештаи.
- ЕУ, исто така, високо го поздравува фактот што Црна Гора целосно се усогласи со одлуките и декларациите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и рестриктивни мерки, и ја охрабрува Црна Гора да продолжи да го прави тоа, посочува Унијата.