Националниот протест што вечерва се одржува во Тирана, во организација на опозициските демократи, под мотото "Марширање кон Тирана - или сега или никогаш" главно минува во марширање, без обраќања, но не и без тензични моменти.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, Роде оцени дека овој чекор на Владата на Албин Курти претставува деблокирање на учеството на Косово во Централноевропскиот договор за слободна трговија, ЦЕФТА.
Косовската полиција соопшти дека денеска, при претрес на куќа во Северна Митровица, пронашла и запленила одредено количиство оружје, експлозив и друг воен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната конференција за медиуми, одржана заедно со министерот за финансии, Хекуран Мурати, Курти рече дека од овој месец ќе има зголемување на основната пензија за повеќе категории на корисници.
Курти на денешната прес-конференција рече дека косовските мерки за ограничување на увозот од Србија „никогаш не биле и никогаш не се трговски мерки, туку се безбедносни мерки“.
Според Шолц, решенијата за глобалните предизвици мора да се најдат во заеднички решенија и преку конкретни акции, но дел од главните предизвици на сегашното време се глобалната нееднаквост и климатските промени предизвикани од човековото дејствување.
Овие тимови, кои пристигнале во поплавените подрачја во текот на викендот, трагаат по исчезнати лица и ги расчистуваат остатоците, со цел да помогнат во обнова на виталната инфраструктура.
Министерството за внатрешни работи на Косово ја изменило безбедносната мерка за производите кои влегуваат од Србија преку граничниот премин Мердаре, дознава приштинска Коха (koha.net) од свои извори во Владата.
Јуратовиќ, кој беше голем критичар на режимот во Србија, сега вели дека Германија и ЕУ мора да соработуваат со автократски системи за да дојдат до ресурси, јави дописникот на МИА од Белград.
До доцна синоќа и додека речиси не беше пребројан и последниот глас, се водеше тесна битка за втората позиција меѓу Дукас и Геруланос, а разликата меѓу двајцата е само 858 гласови.