Со транспортен авион Ц-130 на военото воздухопловство на Грција од Бејрут успешно беа евакуирани 38 кипарски и 22 грчки државјани, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој додаде дека во случај да не се усвои опозицискиот предлог-закон за литиумот на седницата на Собранието, која почнува в понеделник, ќе следи радикализација која најверојатно ќе значи блокирање на патиштата.
„Имате нацрт што е изработен од ЕУ и вашите партнери и пријатели, и тоа е добар нацрт. Сакаме да го прифатите“, рече Зарацин на панел-дискусијата по повод 25-годишнината од германскиот ангажман во Косово.
Весникот „Катимерини“ пишува дека во Атина е зголемена претпазливоста и за можните бегалски бранови и за тероризмот, поради што се засилени и безбедносните мерки.
Нов генерален директор на албанската полиција од денес е Илир Прода, кој на функцијата доаѓа од началник на Регионалниот комесаријат во Елбасан.
- МВР се бори против трговијата на наркотици, а ова е уште еден доказ колку полицијата посветено работи на тоа дрогата да не стигне на улица, изјави Дачиќ.
Албанските опозициски демократски пратеници и денеска предизвикаа тензична ситуација, овој пат пред собраниската зграда, откако на исклучените пратеници, поради понеделничкото насилство, не им беше дозволено да влезат во објектот.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина не постои без РС.
Руските медиуми објавија дека Вучиќ зборувајќи за конфликтот во Украина изјавил дека „на крај ќе биде мир, затоа ќе има силна борба за секое село. Ќе биде достигнато корејското сценарио и тоа нема да има решение за 10, 20 или 30 години и тоа ќе биде суштинско решение за судирот во Украина“.
АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изворна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.