Пред почетокот на состанокот на кој главната тема е ЕУ интеграцијата на регионот, шефот на грчката дипломатија посочи дека „важно е Западен Балкан да остане на вистинскиот пат за својата европска перспектива“.
На денешната вонредна прес-конференција Кикиљас информираше дека се соочуваат „со многу тешка ситуација“ со оглед на релјефот на регионот, односно како што објасни, области со многу големи клисури, многу високи планински врвови и планини каде што е тешко да се пристапи.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека е против учество на припадниците на хрватските вооружени сили во мисијата за поддршка на Украина и дека не дал претходна согласност за предлогот на Владата.
Попладнево реагираа амбасадата на Соединетите Американски Држави и на Обединетото кралство, кои искажуваат загриженост и ги осудуваат актите на насилство.
Во Брисел се одржаа конститутивни состаноци на делегациите на Европскиот парламент (ЕП) за Албанија и за Црна Гора, на кои беа избрани претседателите и потпретседателите на тие делегации, објавија албанските медиуми.
Портпаролот на Европската комисија Петер Стано денеска ги нарече неприфатливи и „многу вознемирувачки“ заканите упатени кон новинарите на Танјуг и нагласи дека ЕУ ги осудува таквите закани и дека овој случај мора да се истражи.
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ денеска го претстави проектот „Веље Брдо“ со кој е предвидено граѓаните полесно да се стекнат со стан.
Во интервју за новинската агенција КосоваПрес, Улуташ оценува дека безбедносната ситуација на Косово е мирна, но кревка, додавајќи дека КФОР продолжува со нејзино внимателно следење.
Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград.
Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина.