Албанскиот министер за внатрешни работи, Ервин Хоџа денеска реагираше во врска со актите на насилство што вчера ги извршија пратениците на Демократската партија на пленарната седница на Собранието.
Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека донесувањето на ваков предлог-закон ќе биде „погубно“ и ќе има лошо влијание врз стопанството.
Српската новинска агенција Танјуг објави на својот сајт дека денеска добиле заканувачко писмо испратено од лице потпишано како „Трим Барди“, во кое се вели дека секој новинар на таа агенција „ќе го добие куршум во тилот“ ако стапне на Косово.
Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Северна Македонија ќе се снабдуваат со природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.
Директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман денеска изјави дека првите средства од Програмата за развој на Западен Балкан ќе им бидат исплатени на земјите од регионот до крајот на годинава.
Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше во врска со случувањата во Собранието на денешната пленарна седница, на која пратениците на Демократската партија направија хаос со собраниската сала и ги запалија столчињата, откако ги изнесоа пред собраниската зграда.
Хрватска во октомври ќе организира состанок на врвот на Југоисточна Европа и на Украина во Дубровник со цел да и даде целосна поддршка на таа нападната земја.
Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше само 15-тина минути, поради хаосот што го предизвикаа опозициските демократски пратеници, па претседателката Елиса Спиропали мораше да ја прекине.
Построги казни за справување со врсничкото насилство и малолетничката деликвенција, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.
Случувања на Блискиот Исток очигледно многу нѐ загрижуваат. Нашиот прв стремеж не може да биде друг, освен деескалација пред овој конфликт да стане општ, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.