Во Белград денеска беше отвoрена нова меѓуградска автобуска станица, во блок 42 на Нов Белград, каде што порано беше „Бувјакот“, а првите тргнувања ќе бидат в недела на 29 септември, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што појасни Дачиќ, сопствениците на гаражата каде што е пронајдено оружјето ја изнајмиле гаражата на некои луѓе, а бидејќи не можеле да стапат во контакт со закупецот, отишле да видат што се случува и го нашле оружјето, по што се јавиле на полицијата.
Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови.
Фармацевтската компанија Teva/Actavis денеска истакна дека болестите на срцето и крвните садови и понатаму се еден од водечките причини за смртност во Србија, каде во просек, дневно од овие болести умираат повеќе од 140 граѓани.
Околу еден милион евра, според првичните неофицијални информации на грчките медиуми е „пленот“ на четворица вооружени и маскирани лица кои попладнево во атинско предградие ограбиле комбе што пренесувало пари, јави дописничката на МИА од Атина.
Американската агенција за борба против дрога, ДЕА, ќе отвори свое претставништво во Тирана, соопшти шефот на Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал на Албанија, СПАК, Алтин Думани
Таа посочи дека средбата била добра можност за воспоставување и подобрување на односите меѓу двете земји во областа на енергетиката и зелената енергија.
Додека дискусиите за новата бекташка држава и понатаму се тема на денот, врховниот водач на Бекташите, Баба Монди, не губи време, туку почна со нејзината организација, објавија албанските медиуми.
- Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат