Муфтијата објаснува дека „тие не го обожаваат Бога, а кога сакаат да бидат попрецизни велат дека го негуваат култот на Алија“.
Бродовите на албанската воена морнарица, кои се дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, во зоната на патролирање, само годинава спасиле над 300 мигранти.
Во Хрватска помина врвот на бранот поплави од Дунав. Во исто време, операциите за заштита од поплави се уште се во тек во 70 области во Унгарија.
Во шест различни теми, шестмината кандидати за лидер на грчката опозициска партија ПАСОК на изборите што ќе се одржат на 6 и 13 октомври, синоќа ги претставија нивните ставови и позиции во ТВ дебата на државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Под силно полициско обезбедување, во Специјалниот оддел на приштинскиот суд утрово беа доведени тројца од обвинетите - Душан Максимовиќ, Владимир Толиќ и Благоје Спасојевиќ, кои беа уапсени непосредно по нападот, односно на 25 септември минатата година.
Тој покажа документ во кој стои дека „никој не може да има вооружени сили на територијата на Косово и Метохија освен КФОР“.
Против оваа иницијатива попладнево се изјасни Муслиманската верска заедница оценувајќи дека тоа ќе ја наруши верската и меѓуверската хармонија во земјата.
Просечната нето плата во РС исплатена во август изнесуваше 1.411 КМ (723,5 евра) и е помала за пет марки (2,56 евра) во споредба со просечната плата исплатена во јули.
Сараевските медиуми објавија дека првата дојава за бомба стигнала за „Sarajevo City Centre“ (SCC), а потоа и за „Importanne Centre“.
Ховениер во бјава на платформата „Х“ изрази почит за наредникот на косовската полиција, Африм Буњаку, кој беше убиен во овој напад.