Стано рече дека ЕУ очекува сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата, дека го поздравува првиот чекор во тој процес, односно поднесувањето обвиненија и дека сега е во тек судската постапка.
Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека ќе соработува со секој што ќе победи на наредните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, нагласувајќи дека со поранешниот претседател и актуелен кандидат, Доналд Трамп имал „заеднички јазик“.
Суверената држава на Бекташите во Тирана, веќе има своја страница на Википедија, најголемата онлајн енциклопедија, објавија албанските медиуми.
Курти оцени дека настаните во Бањска од 24 септември минатата година претставуваат „план за напад на Косово“ зад кој, според неговите зборови, стојат паравоени, терористички формации финансирани и раководени од Србија.
Кипарското прашање се нашло во фокусот на средбата Гутереш-Христодулидис во Њујорк, која според Христодулидис била конструктивна.
Еден од тие „скелети во плакарот“ на Захариева е корупцискиот скандал од 2018 година поврзан со доделувањето бугарски пасоши на странски државјани во замена за мито од 5.000 евра. Во тоа време Захариева беше министерка за правда во Владата на поранешниот премиер Бојко Борисов.
Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, се товари за полесни кривични дела, помагање на сторителот по извршено кривично дело и непријавување на сторителот. За тие кривични дела максималната затворска казна е до осум години.
Главниот обвинител на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИКТ) Серж Брамерц предупреди денеска дека мора да се забрза гонењето на лицата кои извршиле воени злосторства во Босна и Херцеговина и се кријат во соседните земји.
Одлуката е во рамките на програмата на европските структурни и инвестициски фондови за конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020 година, а вкупниот прифатлив трошок за завршување на проектот е одреден на 202 милиони евра.
Според грчките медиуми, Герапетритис и неговите колеги размениле мислења за реформската агенда и унапредувањето на процесот на интеграција на земјите од регионот во Унијата за време на мандатот на новата Европска комисија.