Владата на Србија на денешната седница донесе одлука 3 и 4 мај да се востановат како „Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства“, а утврди и одбележувањето на „Недела на сеќавањето и заедништвото“, јави дописникот на МИА од Белград.
Атлантик Штарк (Atlantic Štark d.o.o) објави дека од српскиот пазар и од БиХ повлекува производи поради можност за присуство на туѓо тело, јави дописникот на МИА од Белград.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел изјави дека „процесот на интеграција во Европската Унија е всушност процес на демократско зајакнување на државата, и затоа мора да си ја завршиме домашната задача за себе“, објави АТА.
Во изминатата седмица биле регистрирани 18 нови случаи и починале две лица.
Кај анкетираните, поделено е мислењето за мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти на Меѓународниот саем во Солун пред десет дена, односно 45 отсто ги оценуваат како позитивни, а 43 проценти рекле дека се во погрешна насока.
Шефот на српската дипломатија објасни дека овој документ ќе ја олесни зелената транзиција во Србија, подобар пристап до чиста енергија, што е во согласност со европските аспирации на нашата земја.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска во Тирана изјави дека членството на Косово во Јадранската повелба е неопходно за стабилноста на целиот регион.
Поранешниот косовски премиер Авдула Хоти смета дека идната влада има многу работа за да ги поправи штетите „предизвикани од контрадикторни закони и интервенции против бизнисот“ од страна на актуелната влада на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доби затворска казна од 60 дена, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото дело, соопшти „Слободна Далмација“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има работен ручек со шесте лидери на државите од Западниот Балкан, на кој ќе се разговара за меѓусебните односи и за имплементацијата на Планот за раст на регионот