Министерот Дачиќ истакна дека Србија и српскиот народ на Косово се наоѓаат во многу тежок период и дека целосно ги поддржува ставовите и пристапот што ги истакна претседателот Вучиќ во своето вчерашно обраќање
Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета.
- Помошникот секретар на САД и министерот на Србија ќе одржат говор на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Србија со цел унапредување на енергетската соработка, се наведува во соопштението.
Албанското Специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, почнало опсежна истрага во редовите на агентите на Националното биро (БКХ) за истраги, за да го открие „кртот" меѓу нив.
Тој додаде дека мерките што ги претстави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претставуваат почеток на нова ера во борбата за правата на Србите на Косово и опстанок на дијалогот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека како врховен командант и претседател на Републиката ја потпишал согласноста за вршење на редовен воен рок од 75 дена, јави дописникот на МИА од Белград.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ во координација со Русија, подготвува нови закани и ултиматуми за Косово, но дека тие не го плашат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во врска со ситуацијата на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста рече дека Србија е во тешка правно-политичка ситуација во однос на Косово и ги презентираше потезите на Србија поделени во пет области, јави дописникот на МИА од Белград.
Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите.
Вучевиќ оцени дека е добро и корисно да се врати задолжителниот воен рок и за младите и за целата земја.