Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал на денешната трка во велеслалом на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг и со тоа ја потврди својата доминација во оваа алпска дисциплина.
Двократната Грен слем шампионка Симона Халеп ја коментираше нејзината одлука да не ангажира тренер.
Норвежанецот Мариус Линдвик освои злато во скијачки скокови на Олимпијадата во Пекинг. Дваесет и тригодишниот Линдвик покажа најдобар резултат во двата скока во дисциплината К-125. Линдвик за прв пат во кариерата стана олимписки шампион.
Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стана шампион на десеткилометарскиот биатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Руската женска репрезентација победи во штафетата 4х5 километри на Олимпијадата во Пекинг. Во составот на Русија беа Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Викторија Степанова. Победничките патеката ја мина за 53:41.0 минути.
На Олимпијадата во Пекинг, рано утрово е доделен првиот комплет медали од денешната програма. Во мешани тимови во сноуборд крос Американците го освоија првото и место и на својата земја и го донесоа петтото злато на Игрите.
Тимот на САД утрово ја совлада Канада со 4:2 во натпреварот од групната фаза на Олимпијадата во Пекинг.
Таеквондистот Дејан Георгиевски ја нарече срамна одлуката на Агенцијата за млади и спорт (АМС) околу износот на спортскиот ваучер кој му го додели на освојувачот на сребрениот олимписки медал во Токио и побара истата веднаш да биде коригирана.
Бахреин ќе биде домаќин на трките од светското првенство во Формула 1 се до 2036 година, откако од натпреварувањето денеска објавија дека е потпишан договор кој предвидува трки и во следните 14 години на патеката Сахир
Норвежанката Марте Ројселан го освои денеска златниот медал во спринтот на 7.5 километри во биатлон на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг