Швеѓанецот Нилс ван дер Поел триумфираше денеска на трката на 10.000 метри во брзо лизгање со време на нов светски рекорд и го освои својот втор златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг
Рускиот олимписки комитет изнесе денеска „сериозни сомнежи“ во врска со позитивниот допинг наод на својата натпреварувачка во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, 15-годишната Камила Валиева, од страна на Светската антидопинг агенција
Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил, а до своето трето олимписко злато дојде денеска на убедлив начин, надминувајќи го второпласираниот Александер Болшунов од Русија за 23.2 секунди
Боксерите на скопски Вардар претрпеа висок пораз од 18-2 на синоќешното гостување во Лозница во рамки на 5. коло во групата А од регионалната лига
Со фантастичен настап во последното, трето возење, во натпреварувањето во сноубординг во дисциплината халфпајп на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, Јапонецот Ајуму Хирано го освои својот прв златен олимписки медал во кариерата, додека легендарниот Американец Шаун Вајт во својот последен олимписки настап остана без одличје
Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, освојувајќи го првиот златен олимписки медал во својата импресивна кариера
Германија со шест златни одличја е на чело на табелата според освоени медали по одржани 45 од 109 финални натпреварувања на 24. Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.
Германската репрезентација во санкање победи на денешната трка во екипна конкуренција и со тоа ја заокружи апсолутната доминација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.
Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Ирене Шутен го освои денеска златниот медал на трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и тоа со време на нов олимписки рекорд од 6:43:51 минута.
Скиjачката федерација на Македонија, во врска со ставовите изнесени од поранешниот македонски олимпиец, скијачот Антонио Ристевски, денес ја информира јавноста за целиот случај