Полската тенисерка Ига Свјонтек во супериорен стил го освои денеска трофејот на мастерс турнирот во Рим, откако без загубен гем во финалето ја совлада Каролина Плишкова од Чешка.
Македонскиот маратонски пливач Евгениј Поп Ацев го освои 9. место на делницата од 25 километри, на 35. Европско првенство што денеска завршува во Будимпешта.
Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосецот на македонскиот олимписки тим на Игрите што од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио.
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новаќ Ѓоковиќ, и Шпанецот Рафаел Надал ќе играат попладнево од 17 часот во финалето на мастерс турнирот во Рим.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на Мастерсот во Рим со 2-1, по сетови 4:6, 7:5 и 7:5.
Јапонскиот милијардер и шеф на „Ракутен груп инк“, Хироши Микитани смета дека Летните олимписки игри 2020 во Токио треба да бидат откажани
Македонските одбојкари со два порази го завршија пријателскиот двомеч на гостински терен против Србија, откако вечерва загубија со идентични 3:1, како и на вчерашната прва пресметка против европскиот првак во Врњачка бања.
Трката во Формула 1 за Големата награда на Турција е откажана денеска поради неповолната здравствена состојба во земјата поврзана со коронавирусот.
Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија, Коњичкиот клуб „БРАВАДОС“ од Скопје на терените во Волково, утре ќе го одржи „Мајскиот коњички турнир“
Македонската одбојкарска репрезентација вчеравечер загуби очекувано од европскиот првак Србија со 3:1 во првиот од двата гостински теста пред настапите во Европската сребрена лига