Лина Ѓорческа се пласира во второто коло на ИТФ турнирот во Москва што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Одлуката дојде по случаите на заразени со болеста во Бусан и донесена е на заеднички состанок меѓу градските власти и ИТТФ.
Ферари презеде рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот, меѓу нив и затворање на музејот во Маранело
Новак Ѓоковиќ ја запиша 14-та победа во сезоната. Во првото коло во Дубаи, српскиот тенисер го совлада Малик Џазири со 6:1, 6:2 и со 37 триумфи е рекордер на турнирот на кој има и шест порази.
Двете церемонии, едната во Олимпија, другата во Атина, денеска беа презентирани на прес конференција во грчкиот Олимписки Комитет.
Македонката Мила Рељиќ го освои бронзениот медал на меѓународниот таеквондо натпревар Президенс куп Г2 одржан од 18-23 февруари во Хелсингборг, Шведска
Шестиот рекет на светот Стефанос Циципас денеска во финалето на АТП турнирот во Марсеј, Франција, за 1 час 28 минути го совлада Феликс Аугер-Аласим од Канада со 6:3 и 6:4 и ја одбрани титулата
Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер го призна поразот по мечот со Британецот Тајсон Фјури.
Во боксерски меч за светската титула во ВБЦ верзијата ноќеска во Лас Вегас, Тајсон Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда.
Романската тенисерка Симона Халеп победи на турнирот во Дубаи. Вториот рекет на светот вечерва ја надигра Елена Рибакина од Казахстан.