Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека сака да го повтори рекордот на Роџер Федерер по бројот на освоени титули на Вимблдон.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6(2), 6:4.
„Одделот за јавно обвинителство во Мендоза, одговорен за сексуални злосторства, поднесе официјално обвинение против двајца француски државјани, кои се цел на истрага за сериозно сексуално насилство“, се вели во соопштението.
Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, втора година по ред се пласираше во финалето на Вимблдон, совладувајќи го попладнево во полуфиналето Русинот Дањил Медведев (АТП – 5.) со 3-1 во сетови (6-7 (1), 6-3, 6-4, 6-4).
Шест спринт трки ќе се организираат следната сезона во шампионатот во Формула 1, соопшти денеска ова натпреварување.
Олимписките игри (ОИ) во Париз веќе поставија нов рекорд: 8,6 милиони продадени билети две недели пред почетокот.
Возачот на Заубер, Валтери Ботас изјави дека бара долгорочен проект од сезоната 2025 година, па затоа не е заинтересиран да се пресели во Мерцедес за да го замени Луис Хамилтон.
Германскиот тенисер Александар Зверев поради повредата на левото колено би можел да ги пропушти претстојните Олимписки игри во Париз, каде треба да ја брани титулата освоена пред три години во Токио.
Руските спортисти кои имаат покана за настап на Олимписките игри во Париз мора самите да одлучат дали ќе одат таму или не, изјави денеска портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, цитиран од агенцијата ТАСС.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон 2024 година без меч во четвртфиналната фаза.