Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз на денешните квалификации.
Норвешкиот велосипедист Андре Дреге го загуби животот за време на денешната кралска етапа на трката низ Австрија, јавија локалните медиуми.
Руските борачи, кои требаше да настапат како неутрални спортисти, го откажаа настапот на Олимписките игри во Париз.
Меѓународната велосипедска федерација (UCI) му изрече казна од 200 швајцарски франци на францускиот возач Жилиен Бернар, откако за време на седмата етапа на „Тур де Франс“ за момент се симна од велосипедот за да ги бакне синот и сопругата кои стоеја покрај патеката.
Руските џудисти нема да настапат на претстојната летна Олимпијада, иако Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) претходно им дозволи на спортистите од оваа земја да се натпреваруваат на Игрите во Париз под неутрално знаме.
За прв пат во својата 42-годишна историја, Корејската бејзбол организација (КБО) надмина шест милиони гледачи во првата половина од сезоната.
Повеќе од половина од Формула 1 возачите за 2025 година се познати. Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој беше поврзуван со преселба во Мерцедес, одлучи да остане во Астон Мартин и ќе му биде тимски колега на Ленс Строл.
На Европското првенство во билијард оваа година кое ќе се одржи во Потчетртек, Словенија ќе учествуваат четворица Македонци кои се пријавени во три различни конкуренции.
Македонскиот автомобилист Ристо Вуков продолжува со настапите во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ верува дека Енди Мареј кој се повлече од Вимблдон во сингл, ќе ја продолжи кариерата.