„Пред неколку ноќи изгубив тежок дуел против одлична противничка и голема пријателка и свесна сум дека тенисот е игра на победа и пораз. Сепак, во текот на мечот публиката испраќаше смртни закани кон мене и моето семејство, а мене ме навредуваа со грди имиња“, вели таа.
Австралиецот стана првиот тенисер кој е толку ниско на АТП листата, што по 15 години го победува актуелниот број еден во светот. Последно, оваа непријатна судбина го снајде неговиот сонародник Лејтон Хјуит во 2003 година, кога беше елиминиран од 178-от во светот Франсиско Клавет.
Втор беше Луис Хамилтон од Мерцедес, а клупскиот другар на Фетел во Ферари, Кими Раиконен заврши трет. Даниел Риџкардо од Ред Бул) е четврти, а петти финишираше Фернандо Алонсо од Мекларен.
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро го освои мастерс турнирот во Индијан Велс откако во финалето беше подобар од светскиот број 1, Роџер Федерер и ја прекина неговата спектакуларна низа од 17 победи по ред сезонава.
Јапонецот Таро Даниел приреди вистинско изненадување на мастерсот во Индијан Велс откако во второто коло го совлада Новак Ѓоковиќ 7:6, 4:6, 6:1.
Денеска на свеченото дефиле делегациите на Северна и Јужна Кореја се појавија секоја посебно, за разлика од неодамнешните Олимписки игри кога настапија под едно знаме.
Во организација на Шаховскиот клуб Алкалоид в сабота (3 март) со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционалниот Отворен меѓународен турнир во рапид темпо Алкалоид 2018.
Романската тенисерка Симона Халеп по само четири недели се врати на челната позиција ВТА ранг листата, потиснувајќи ја Каролина Вознијацки на второто место.
Со Свечена церемонија денеска во Пјонгчанг беше означен крајот на 23-тата зимска Олимпијада на која учество земаа повеќе од 3.000 спортисти од 93 земји меѓу кои и од Македонија.
Финецот победи со време 2:08.21 часа и успеа да биде побрз од претставникот на Русија Александар Болшунов за 18.7 секунди.