Листата филмови со најголема заработка во 2019 година е објавена, а на неа се наоѓаат 20 остварувања со над 300.000 долари приход.
Светската база за филмски податоци ИМДБ објави список од најочекувани 10 филмови за наредната 2020 година. Топ листата, се чини, е во знакот на спин-оф продолженијата.
Глумците Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон се појавија на повторната средба по повод 41-годишнина од филмот „Брилијантин“, во кој 1978 година глумеа заедно. Настанот се одржа во Вест Палм Бич во јужна Флорида, САД.
Француската актерка со данско потекло, Ана Карина, најпозната по своите улоги во филмите на легендарниот режисер Жан-Лук Годар, почина на 79-годишна возраст од канцер, пренесоа француските медиуми.
Филмскиот режисер Роман Полански пред извесно време беше обвинет од уште една жена за силување. По тој повод, тој порача дека „медиумите сакаат од него да направат чудовиште” и дека за сè е виновен холивудскиот продуцент и сега веќе осуден сексуален напасник – Харви Вајнстин.
Во Лос Анџелес се објавени номинациите за филмската награда Златен глобус, кои ќе бидат доделени на 5 јануари 2020 година.
Британскиот филм „Миленичка“ (The Favourite) освои осум награди, вклучувајќи ја и за најдобар европски филм, на годинешното 32. издание на Европските филмски награди (ЕФА) во Берлин.
„Ирецот“ (The Irishman) на режисерот Мартин Скорсезе е прогласен за најдобар филм за 2019 година од страна на Организацијата на њујоршките филмски критичари. Џо Пеши е најдобар спореден глумец за истиот филм
Американската технолошка компанија Xfinit пред неколку дена ја објави својата божиќна реклама која само на Јутјуб веќе ја виделе повеќе од 10 милиони луѓе
„Њујорк тајмс“ врз основа на стручните мислења на своите филмски критичари, состави список од највлијателните филмови од второто десетлетие на 20. век