Кевин Спејси (62), добитник на два „Оскари“, ќе мора да ѝ плати речиси 31 милион долари на продуцентската куќа „МРЦ“, која го отпушти од снимањето на серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) во 2017 година поради обвинувањата за сексуална злоупотреба
Манекенката Криси Тајген го очекува своето трето дете со музичарот Џон Леџенд речиси две години откако го загуби неродениот син, Џек. Веста за бременоста таа ја потврди на Инстаграм
Бијонсе го отстрани „Милкшејк“-делот од својата нова песна „Energy“ (Енергија), откако Келис ја нападна поп-ѕвездата поради својот хит „Milkshake“ од 2003 година, обвинувајќи ја, не за плагијат, туку – за „кражба“
Жената која го тужеше американскиот пејач Боб Дилан тврдејќи дека сексуално ја нападнал пред речиси 60 години, ја повлече тужбата, според адвокатот на познатиот музичар
Бијонсе го издаде својот нов, долгоочекуван, седми студиски албум „Renaissance“. Компилацијата со 16 песни содржи широк спектар жанрови, како – диско, афробит и хаус-влијанија
Латино-ѕвездата Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, изјави нејзин претставник вчера.
Познатата канадска поп-фолк пејачка Џони Мичел, која има проблеми со здравјето од 2015 година, поради аневризма, одржа изненадувачки концерт на фестивалот „Њупорт“ во истокот на САД – нејзиниот прв целосен концерт по 20 години
„Жив срам за Македонија“ вели Моника со ветување дека ќе ги објави сите политичари и нивните понуди во инбокс
Илон Маск ги отфрли наводите дека имал секс-афера со сопругата на долгогодишниот пријател, со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, негирајќи го писанието на „Волстрит журнал“ околу врската која наводно ставила крај на бракот на Брин и наа неговото пријателство со Маск