Голманот на Вардар, Дејан Милосављев во интервју за клупскиот сајт изјави дека „цревно-црните“ не се аутсајдери во ниту еден натпревар од Лигата на шампионите, а потценувањето од останатите само дополнително ги мотивирало играчите на Парондо.
Новиот ракометар на „Вардар“, Германецот Кристијан Дисингер, веќе се запозна со тимот, а неговите први реакции се исклучително позитивни. Нагласи дека со нетрпение очекува да заигра за „Вардар“ и да се запознае со навивачите.
Германецот Кристијан Дисингер е нов член на македонскиот ракометен шампион Вардар. Дваесет и шест годишниот лев е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата, соопшти РК Вардар.
По четири одиграни натпревари во групната фаза во ракометната Лига на шампионите, македонскиот првак Вардар ја има најдобрата одбрана.
Дејвис потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот за уште една сезона. Тој во Веспрем доаѓа на местото на Љубомир Врањеш, кој доби отказ по серијата лоши резултати од кои последен беше поразот од Вардар.
Ракометарите на Вардар и на Металург, Тимур Дибиров и Халил Јагањац се најдоа во идеалниот тим од 4.коло во Лигата на шампионите, во изборот на ЕХФ ТВ.
Во првите 15-тина минути од натпреварот имаше релативно израмнета контрола на теренот во која се играше гол за гол. Потоа, Металург ги искористи грешките на фаворизираните домаќини и успеа да поведе и во 19-та минута имаше два гола предност (10:12).
Вардар ја задржа лидерската позиција во групата А во Лигата на шампионите, откако во четвртото коло на домашен терен го совлада и Рајн Некар со 29:27.
„Вардар“ на домашен терен со 29:27 го совлада „Рајн Некар Левен“ во рамки на четвртото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, очекува многу тежок натпревар со Рајн Некар Левен в сабота во Скопје во четвртата рунда од ракометната Лига на шампионите.