Струга по 46. пат од денеска до недела ќе биде домаќин на Меѓународниот струшки турнир, на кој ќе учествуваат осум екипи од седум земји.
СЕХА-лигата ги одреди датумите за сите натпревари во сезона 2018/19. Уште во првото коло ќе се случи македонското дерби меѓу Металург и Вардар.
Во новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига за првпат ќе има екипа од Романија. Тоа е тимот на поранешниот европски шампион, Стеауа од Букурешт со што лигата останува со десет екипи.
Македонската ракометна репрезентација ја победи попладнево ја победи Швајцарија со 32:31 и го освои првото место во А-групата на ЕХФ шампионатот во Грузија за играчи до 18 години.
Македонија забележа победа над Фарски Острови во третото коло на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години што се одржува во Грузија. Мечот изобилуваше со резултатски пресврти за на крај со голот на Ненад Костески во последната секунда „црвено-жолтите“ да се радуваат на триумф од 30:29.
Екипата на Нант за која настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров го освои првиот трофеј во новата сезона, откако трета година по ред триумфира на „Шпаркасен Купот" во Штутгарт.
Ракометарите на Вардар го освоија четвртото место на турнирот во Германија, откако попладнево во последниот меч против Лајпциг загуби со 27:26.
На турнирот во Германија што е прва контрола за ракометарите на Вардар по завршување на висинските подготовки, „црвено-црните“ денес ќе играат против Лајпциг во дуел за 3.место. Средбата е закажана за 13:15 часот.
Ракометарите на Вардар ја забележаа првата победа на турнирот во Германија, откако попладнево во 2.коло второто коло на турнирот во Германија го победија тимот на Фуксе Берлин со 32:24 (15:13).
Македонската ракометна репрезентација ја запиша втората победа на ЕХФ Шампионатот во Грузија за играчи до 18 години Дивизија Б.