Во својот втор настап на Ф4 турнирите во Келн, ракометарите на Вардар ќе играат за бронзениот медал. Противник ќе им биде тимот на ПСЖ. Во полуфиналето Вардар загуби од Монпелје со 27-28 (11-14)
Во лигата на шампионите ќе има француско финале. Вардар во полуфиналето загуби од Монпелје со 27-28. Имавме 19 секунди за последниот напад, но ударот на Вуко Борозан заврши покрај голот на Французите. Ова е прв триумф на Монпелје во досегашните меѓусебни дуели со Вардар во лигата на шампионите.
Екипата на Нант е првиот финалист на „Фајнал фор“ турнирот од ракометната Лига на шампионите, откако попладнево во Келн триумфираше над фаворитот ПСЖ со 32:28 (17:14).
– Минатата година беше поинаку, бевме првпат тука, а сега ја имаме таа шампионска тежина со нас. Мислам дека сме способни да се носиме со неа. Наше е да изиграме како што знаеме и да се обидеме повторно да освоиме. Штом си пласиран овде, значи нешто вредиш. Не е важно како си стигнал таму.
Вардарци на дружба во навивачите во Келн
Сите погледи се вперени кон Раул Гонзалес, тренерот на „црвено-црните". Тој секогаш наоѓат начин тактички добро да одговори на сите предизвици.
Вардар веќе имаше два тренинга во Келн. Денеска ќе биде и традиционалната забава со навивачите пред салата, кога сите екипи ќе бидат претставени. Може да почне лудилото наречено Ф4.
Селфи на денот - со надеж дека ќе биде насловено како победничко селфи!
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави тимот на сезоната 2017/2018 во Лигата на шампионите, а во него се најде само еден играч на актуелниот европски шампион Вардар.
Почнува главната, а можеби и најтешката фаза за наш Вардар во ракометната лига на шампиони: “Одбрана” на титулата, онаа освоената лани, онаа голема титула која ја обедини целата наша држава, ги обедини сите градови и села, сите дишевме како едно и сите се радувавме заедно...