Тиктокерката Маја Зомер сподели лична приказна за необично откритие во кожна јакна купена во продавница за стари, користени, но добро сочувани производи. (Погледни видео)
Семејство од Сиднеј, Австралија, добило и одбило понуда од градежна компанија вредна 50 милиони австралиски долари, т.е. 30 милиони евра, за да се исели од својот дом и земјиштето околу него.
Крипто милијардерите изгубиле имот во вкупна вредност од 110 милијарди долари за една година, објави магазинот Форбс.
Јутјубер кој намерно уништил авион заради внимание и повеќе интернет-прегледи, ќе се изјасни виновен за попречување на федералната истрага, со тоа што чистел на местото на несреќата, соопштија американските обвинители.
Бројот на луѓе низ светот кои беа принудени да ги напуштат своите домови се зголеми за една петтина минатата година, бидејќи „совршената бура“ од рускиот напад врз Украина и климатските катастрофи донесе раселување во невидени размери.
Астрономите ја открија најголемата и најтрајна вселенска експлозија некогаш видена, односно 10 пати посилна од која било позната супернова и трипати посветла од досега познатите плимни нарушувања.
Студијата на Истражувачката група за медицински биодиверзитет и паразитологија на Универзитетот Гете во Франкфурт сугерира дека зголемувањето на температурите ќе доведе до тоа на тропските и суптропските инсекти да им е сè поудобно во Европа.
Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека платформата ќе воведе видео и аудиоповици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер ги следи Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции за видео и аудиоповик.
Дел од спорниот накит на австриската милијардерка Хајди Хортен (1941 - 2022), чие богатство потекнува од нејзиниот покоен сопруг - нацист и неговото преземање еврејски имоти во Хитлерова Германија, се продаде за повеќе од 155 милиони долари вчера, на наддавање на „Кристи“.
Бебе зачнато со ДНК на три лица се роди и во Велика Британија, откако лекарите спроведоа револуционерна „ин-витро“ процедура со цел да се спречи наследување неизлечиви болести. Ова е прв ваков успешен случај на Островот.