Зголемен бил бројот на поништени постапки, а кај 35 отсто од мониторираните тендери имало отфрлање на дел од понудите бидејќи биле оценети како неприфатливи.

Според Центарот, ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите. Најголем дел, 34 проценти, биле поништени бидејќи не била доставена ниту една понуда, 15 проценти затоа што понудените цени биле понеповолни од пазарните, 14 проценти биле поништени бидејќи не е поднесена ниту една прифатлива понуда, осум проценти поради пропусти во тендерските документации и осум проценти поради констатирани повреди на Законот за јавни набавки. Според анализата, продолжила праксата да се поништуваат поголеми, отколку помалите тендери.

Во првите шест месеци, 77,5 отсто биле целосно елктронски спроведени тендери, а негативни референции, односно 16 фирми добиле забрана за учество на сите тендери во земјава во рок од една година. Една фирма добила три негативни референции, а со тоа и забрана за учество во рок од три години.

На електронските аукции се постигнувале многу ниски цени, што според Центарот се доведува во прашање реалноста на проценетата вредност на тендерите, како и квалитетот на набавките.

– Најниската цена‘ како единствен критериум за избор води кон тендери со апсурдни цени од 0,01 денар и 0,01 процент. Оваа пазарна нелогичност го зголемува ризикот од можни манипулации во реализацијата на тендерот, сметаат од Центарот за граѓански комуникации.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 15:56