Одделението за внатрешни работи од Дебар, поднесе крвична пријава против жител од селото Присојница, општина Маврово и Ростуше за сторени две кривични дела утврдени при сообраќајна контрола.
На 03.03.2021 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при што кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за уште едно лице, за кое е поведена постапка за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик
Театарот ,,Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес, со претставата „Кралските копилиња“,на 15 март ќе настапи онлајн на 47-то издание на фестивалот „Сараевска зима“
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои едно за продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, додека за другите двајца за помагање при извршување на истото кривично дело
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик
Во текот на вчерашниот ден (03.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија - Куманово, при што санкционирани се 70 прекршоци
Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, ќе биде во прекин денеска помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути
Поради верскиот празник Задушница, утре и во сабота, на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59 А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59 Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Институтот за истражување и политики- Ромалитико кои преку анализи и истражувања креираат политики преточени во проекти со цел зајакнување на ромската популација во државава
Заради пандемијата и годинава нема да се организираат големите карневалски манифестации како што се главната карневалска вечер со дефиле на карневалските групи, која требаше да се одржи на 13 овој месец, маскенбалот и детскиот карневал, соопштија од Организицискиот одбор на струмичкиот карневал
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена фотографската изложба на Игор Христов „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“
На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути, поради изведување на градежни работи на пат односно минирање
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој за Македонија Анди Аранитаси ќе присуствува на официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле
По првиот камерен концерт што се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонија, вечер во 20 часот ќе биде одржан уште еден концерт од серијата насловена „Филхармонија за Филхармонија“
Делчевецот Страшо Димитровски е роден во 1952 година и од пред три години е пензионер. По пензионирањето го крепи работата на неговиот имот кај местото Брежје каде се наоѓа неговата вила и посед со многу садници и 15-годишен стар орев. Оревите за Димитровски имаат посебна вредност.