Излезе од печат првиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ за 2022 година кое и овојпат нуди бројни прилози
Филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре се годишните добитници на наградата „Златен објектив“, што ја доделува Кинотеката
Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска
Во периодот од 02.07.2022 (сабота) до 05.07.2022 (вторник), Ист Гејт Мол ќе биде главната локација за претставување на најдобрите танцови вештини, како и вмрежување на голем број домашни и странски танчери
Оваа година на 21 мај, од 13:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“, по вторпат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како: „ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“
Во Музејот на современата уметност – Скопје на 26 мај, четврток, ќе биде отворена самостојна изложба на еден од значајните уметници на интернационалната сцена, Ахмет Огут
По повод меѓународниот ден на музеите 18-ти мај, проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ пред експертите на НУ Завод и Музеј Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д тактилни мапи и слики на културно-историски споменици
Самостојна ликовна изложба од Кристина Зимбакова насловена „Самогласки во лет“ денеска ќе биде отворена во Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција
Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска и утре ќе биде одржана конференција „На работ на климатска катастрофа: Уметност, култура, екологија и креирање политики во 21 век“
Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ вечер ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко