Во сообраќајна контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 133 возачи поради брзо возење, од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2024 04:17