На брифинг со новинарите, Петрова напомена дека Владата продолжила да троши за „други трансфери“ и во следните, кризни години и за седум години, како што информира, по оваа основа потрошила 5,1 милијарда евра.
Турски ,,Јилдирим" го купи комбинатот за фероникел, поранешно „Фени" од Кавадарци, а работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа, изјави попладнево за МИА, Игор Ѓерасов , претседател на републичкиот Синдикат за индустрија, енергетика и рударство.
Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март минатата година е зголемен за 1,7 отсто, а за 1,9 отсто во првиот квартал споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Целосно е неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.
Комисијата за Автомобилска одговорност при Министерство за Финансии, 15 години не дала препорака на Владата за корекција на цените на авто осигурувањето.
Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра.
Конечно, Министерството за финансии вчера во објавата на податоците за јавниот долг на својата веб страна "призна" дека јавниот долг во 2023 год. изнесува 62,1% од БДП и дека е прекршено "златното буџетско правило"!
Прашана за позитивните исходи од судските рочишта, кои ги покренаа работници, а поддршка им даде „Гласен Текстилец“, Ампева вели дека отворени се 26 судски процеси, а три се мониторирани од страна на „Гласен Текстилец“.
Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години.
Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци, јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6 отсто од БДП.