Иако вардарци беа блиску до нов триумф, петти по ред во лигата на шампионите, во последните десет минути од натпреварот падна концентрацијата во играта, се прифати брзата игра на домаќините , се разбрани домашниот голман Стевановиќ за да на крајот дојде најлошото. Ако на полувремето се чинеше дека да има никакво изненадување во Загреб, на крајот од натпреварот бркавме макар и бод. Во последните 30 секунди, Алекс Душебаев прво ја погоди стативата на противничкиот гол, а потоа во последната секунда од далечина неговиот удар го одбрани голманот Стевановиќ.

Вардар беше во водство од 9. до 55. минута на натпреварот, и во последните четити минути се урна се она што го создаде на натпреварот. Кога Загреб во 55 минута по вторпат на средбата имаше водство, не дозволи потоа да го испушти. До овој натпревар Вардар имаше серија од 11 мечеви во сите натпреварување од кои четири во лигата на шампионите. Иако беа на чекор соборување на на Македонски рекорд со пет победи по ред во лигата на шампионите, нешто што на ниту еден македонски машки ракометен клуб не му успеало во Лигата на шампионите, сепак на крајот го доживеа првиот пораз.

„Одличен меч одигра Загреб. Во првото полувреме нашата одбрана беше добра, транзиицјата брза и успеавме да направиме разлика. Во второто полувреме од натпреварот Загреб почна да игра многу подобро, и полека ја намалуваше разликата се до победа и освојување на два бода" истакна тренерот Гонзалес по натпреварот во Загреб.

Вардар, по пет одиграни кола има освоено 8 бода и се наоѓа на делба на првото место Киелце кој има натпревар помалку.


Од готово – вересија. Вардар го доживеа првиот пораз

Од готово – вересија. Вардар го доживеа првиот пораз


Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2016 01:14