– Ми претставува голема чест што ја добив оваа награда, а убеден сум дека е чест за сите добитници и им ја честитам од срце. И покрај годините, ова ќе ни биде сепак еден голем поттик да продолжиме понатаму, рече Петрушевски.

Тој се бројува во редот на исклучителните актери кој на сите свои улоги им пристапува со препознатлив такт и леснотија. Многу генрации го препознаваат по ликот на Рамче кој не фрла сенка врз остатите ликови што ги игра во театарот. Петрушевски е еден од творците на серијата Македонски народни приказни и еден од првите Македонци што играле во странски филм. Неговите многубројни настапи на естрадата, радиото, филмот и телевизијата, неговиот талент, умешност и шарм го прават еден од најпопуларните ликови во земјата и пошироко.

Даутовски во текот на својата долгогодишна работа има остварено исклучителни резултати во полето на педагошката, научно-истражувачката, уметничката, концертната и издавачката дејност а Исени работел како наставник по ликовно воспитание во основното училиште во Матејче, Куманово, до неговот, пензионирање во 2000 година. Завршил Ликовна академија во Скопје, во класата на професорот Ванѓел Коџоман.

Пољоска е редовен професор на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ додека историчарот и филозофот Стефан Влахов Мицов е добитник на наградата од областа на науката и образованието.

Пред присутните гости се обрати и академик Вера Битракова – Грозданова која истакна: – ВМРО ќе ги постави вистинските насоки иако подоцна, пренасочувани од разните пропаганди, ќе доведат, за жал, најдоцна на балканските простори, формирање на македонската независна држава. Во оваа идеја ќе израснат бројни знамените личности на нашата историја кои ќе го распостелат вечниот стремеж за слобода и за формирање своја држава базирана на цивилизациски вредности, престиж на полета на науката и културата, соживотот и толеранцијата, подвлече академик Битракова.


Ванчо Петрушевски добитник на државната награда по повод “23-ти Октомври“

По завршувањето на церемонијата градскиот дувачки оркестар, одржа Парадно дефиле низ улиците на Скопје, од Музејот на Град Скопје, преку улицата „Македонија“, до градскиот плоштад.

Ванчо Петрушевски добитник на државната награда по повод “23-ти Октомври“


Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2016 15:38