Скопје Сити Мол е најголем трговски центар во Македонија отворен во 2012, а управуван и изграден од Балфин Груп. Како најголем центар од ваков вид во регионот, Скопје Сити Мол прерасна во заштитен знак на модерно Скопје а во него можат да се најдат голем број на светски брендови како Зара, Massimo Dutti, Bershka и многу други. Скопје Сити Мол има околу 130 продавници а годишно брои повеќе од 7 милиони посетители.


Скопје сити мол во рацете на Британци за 92 милиони евра

Купувањето на Скопје Сити Мол е последно во низата на трговски центри кои Hystead ги реализира во регионот на почетокот на оваа година. Тоа е дел од стратегијата на Hystead во создавањето европски фонд во трговски центри.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2016 23:21