Со чинот на осветувањето на храмот Свети Пророк Илија во Скопско Нерези како и свечената архиерејска литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

Мештаните кои беа присутни на осветувањето на храмот, упатија порака до сите верници да дојдат во новиот храм, да ја видат нејзината убавина и да запалат свеќа за здравје, среќа, љубов и хармонија.


Осветен Св. Пророк Илија – храмот во Горно Нерези

Храмот Свети Пророк Илија се наоѓа во непосредна близина на Манастирот Свети Пантелејмон во Горно Нерези и комплексот Македонско село.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2016 23:34