Вардаровата голманка Суслина ќе ги пропушти наредните натпревари на ЖРК Вардар поради хируршкиот зафат на меснискусот на десното колено кој и беше опериран во Аугзбург, Германија. Подолго време Суслина имаше проблеми со менискусот, па во консултација со докторите и управата беше решено, тој проблем што е можно побрзо да се санира.
Периодот на рехабилитација и враќање на теренот би требало да биде меѓу 6 и 8 седмици изјавија од управата на ЖРК Вардар.