Екипата на Атлетико Мадрид беше поразена со 3-0 од градскиот ривал Реал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Јунак на натпреварот за Кралскиот клуб беше Кристијано Роналдо, кој го постигна 42-от хет-трик во дресот на Реал од Мадрид. Диего Симеоне, тренерот на „јорганџиите“, знае дека 3-0 е голема предност, но фудбалот е непредвидлива игра, така што сè уште има надеж за неговиот клуб.

„Имаме уште еден натпревар. Многумина сега ќе мислат дека е невозможно да се пласираат, но јас не мислам така, можеме да се вратиме од 3-0. Фудбалот е единствен спорт бидејќи нуди неверојатни работи и поради тоа се надеваме дека и понатаму имаме шанси. Ќе пробаме во реваншот да се вратиме, знам дека моите играчи го можат тоа“, изјави Симеоне по натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2017 13:21