Пратеничката група на Мост доцна синоќа поднесе барање за распуштање на Хрватскиот сабор, а генералниот секретар на партијата Никола Грмоја изјави дека предлог одлуката може да биде брзо повлечена доколку се покаже дека постои парламентарно мнозинство.

Тој додаде дека е очевидно оти нема парламентарно мнозинство, а премиерот ја дестабилизира земјата, ја урна владата и нема поддршка во Хрватскиот сабор.

– Ако нема мнозинство во Саборот ние ќе одиме со тој предлог со што се ќе покаже кои пратеници ги чуваат своите места во Хрватскиот сабор и дали е вистина тврдењето дека е веќе договорена соработка по локалните избори на ХДЗ со ХНС и ИДС, истакна Грмоја.

Генералниот секретар на Мост смета дека агонијата околу владината криза не треба да се продлабочува, а одржување нови избори се најчесно решение.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2017 09:28