Кошаркарите на Сан Антонио славеа убедливо против Хјустон со 121-96 во полуфиналето на Западната конференција од НБА лигата и го израмнија резултатот на 1-1 во серијата до 4 победи.

Феноменалниот Ленард со 34 поени најави серија особено во последната четвртина кога Спари направија 19-0 и влегоа во мирна завршница.

Во полуфиналето на истокот шампионот Кливленд го совлада Торонто со 125-103 и поведе со 2-0 во меѓусебните дуели.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2017 09:32