Екипата на Манчестер јунајтед ја совлада Селта во Виго во првиот натпревар од другото полуфинале на Лигата на Европа – 1-0 (1-0).

Стрелец на единствениот гол беше англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд, кој со фантастичниот слободен удар во 67-мата минута ѝ донесе победа на екипата на Жозе Мурињо.

Домаќините од самиот старт му парираа на противникот и само по десет минути од натпреварот, имаа шанса да го загрозат неговиот гол.

Екипата на Жозе Мурињо беше поконкретна во продолжението и само благодарение на одличната одбрана на Алварес, не водеше по 45 минути игра.

До конечно водство дојде во 67-мата минута, кога Рашфорд изведе фантастичен слободен удар и го постави конечниот резултат во Виго.

Реваншот ќе се игра во четврток, на 11-ти мај, на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Другиот полуфинален пар го сочинуваат Ајакс и францускиот Лион, а во првата средба победи холандскиот клуб со 4-1.

Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 24-ти мај во Стокхолом.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2017 10:48