Во недела низ улиците на Скопје ќе се одржи 13.то издание на Виз Ер Скопски маратон, а на денешната прес конференција одржана во просториите на градот Скопје организаторите објавија дека повеќе од 8.500 учесници од 51 држава ќе бидат дел од овој настан. Воедно тоа значи дека бројката е зголемена за 1.000 учесници.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна:

- Град Скопје со неизмерно задо0волство го поддржува овој светски спортски настан кој со години ја надградува спортската култура во Скопје и во Македонија. Виз ер Скопски маратон полека станува незаменлив дел од град Скопје, поттикнувајќи илјадници професионалци и рекреативци да се натпреваруваат не само за награда, туку и за дружење.

Градот финансиски со 1.200.000 денари ќе го помогне овој настан и секако на помош ќе бидат и јавните претпријатија.Ги повикувам сите граѓани да уживаат на овој ден и воедно да ги охрабрат сите натпреварувачи.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон Кире Синадиновски изјави:

- Повеќе од 8.500 учесници ќе бидат дел од трките што ќе се одржуваат во недела. Од година во година Скопски маратон станува најпосетуван и најинтересен настан во Македонија, а за успешна организација голема помош имаме од волнтерите, поддржувачите. Оваа година како промотери на Скопски маратон се сестрите бличначки од Естонија познати маратонки Леила, Лили и Лина Луик, кои лани учествуваа на Олимписките игри во Рио.

На прес конференцијата беа присутни и промотерките од Естонија, како и македонската шампионка во маратон Весна Кираџиева и Дарио Ивановски, кој пред неколку недели победи на полумаратонот во Белград.

Учесниците стартните пакети ќе можат да ги подигнат денеска до 19 часот и утре од 10 до 19 часот во Парк Хотел и Спа.

Стартот на маратонската и полумаратонската трка, како и на шатафетниот маратон е во 8:30 часот, а на трката од 5 километри 15 минути подоцна.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2017 11:51